Конкурс за избор на средношколски новинарски тимови

Институтот за комуникациски студии и Делегацијата на ЕУ во РСМ минатата недела го отворија Конкурсот за избор на средношколски новинарски тимови „Биди медиумски активен наслов, Конкурс за избор на средношколски новинарски тимови„Биди активен /на“.  Конкурсот е наменет за сите средношколци кои што треба да достават оригинална идеја за продуцирање новинарски приказни  за проблемите на младите.

-Се што треба да направат е да формираат тим од три до четири ученици заедно со еден професор или професорка која што ќе им биде ментор да се поврзат со еден медиум и да ни испратат идеја за приказна што би ја направиле, нешто што нив ги засега, нешто што е нивни проблем, дали тоа ќе биде животната средина, образованието, дали можеби нешто друго секојдневно што го сретнуваат. Подоцна ќе се одберат шест најдобри идеи и со менторска помош на Институтот за комуникациски студии ќе се работи заедно со медиумот -партнер и со тимот средношколци да се изработи таа приказна, изјави Моника Аксентиевска, Институт за комуникациски студии

Средношколците можат да се пријавуваат во парнерство со медиум без разлика дали станува збор за телевизија, радио, портали, дневни весници посочува Аксентиевска.

-Оние шест најдобри кои што ќе бидат избрани ќе добијат грант од 400 евра за тимот и уште 200 евра за медиумот за да ги изработат производите. На крај сите производи што ќе бидат направени во рамки на конкурсот ќе бидат презентирани на една дебата која што ќе ја имаме заедно со Делегацијата на ЕУ во РСМ каде што ќе разговараме колку младите се вклучени во креирањето медиумски содржини, колку ги имаме на телевизија, меѓутоа ќе споделат и искуства од процесот кој што го поминале правејќи ги нивните приказни.  За повеќе информации може да отворат на веб страницата medium.edu.mk , таму ќе го најдат целиот конкурс,  формуларот за апликација и формуларот  за медиумот, а за сите дополнителни  информации може да го контактираат Институтот за комуникациски студии рече Моника Аксентиевска, Институт за комуникациски студии

Рокот за пријавување е до 16-ти февруари, а до 19-ти истиот месец веќе ќе бидат избрани шест најдобри тимови кои заедно со медиумите ќе ја одбележат Европската недела на медиумска писменост  кон крајот на месец март.

Коментари

коментар(и)