Во вторник идната седмица ќе се одржи конститутивната седница на Советот на општина Куманово со почеток во 12 часот во големата сала во зградата на поранешен комитет. Предвидени се пет точки на дневниот ред, а првата ќе биде избор на претседател и членови на Верификационата комисија за верификација на мандатите на членовите на Советот на Општина Куманово.
Потоа ќе следува верификација на мандатите, па извештајот на Верификационата комисија.
Пред новите членови на Советот ќе се најде Предлог – Одлуката за верификација на мандатите на членовите на Советот на Општина Куманово, по то советниците ќе дадат и потпишат свечена изјава.
Трета точка на дневниот ред – избор на претседател и членови на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања.
Четвртата точка предвидува избор на претседател на Советот, а со последната точка ќе се утврди кои советници ќе учествуваат при склучување бракови во општината.
До изборот на новиот претседател на Советот, конститутитвната седница ќе ја води највозрасниот член на досегашниот состав на Советот.