ВИДЕО: Концерт на Нокаут во Центарот за култура

„Временска машина”, „Лебедот бел”, „За нас”, “1.000 причини за крај”, „Сакам да живеам”, „Фатална опсесија”, се дел од бројните хитови кои кумановци ќе можат да ги слушнат на 19-ти мај, идниот петок во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Концерт ќе одржи македонската култна група „Нокаут“.

Организаторите повикуваат сите заинтересирани навреме да си ги набават билетите кои чинат 350 денари, бидејќи добропознатите песни поубаво звучат кога се испеани во еден глас со публиката.

Станува збор за мини турнеја на Нокаут која се одржува во повеќето градови низ земјава. Настанот се организира со поддршка на Министерството за култура.

Влезниците може да се најдат во билетарницата на Центарот за култура, или да се резервираат на бројот 078 208 443.

Коментари

коментар(и)