Корисниците на лиценцираниот центар за рехабилитација и реинтерграција „Порака Наша“ изработуваат украсни миризливи свеќи со боја и мирис по ваш избор.
Од „Порака наша“ информираат дека во понудата имаат различни облици, сите бои и мириси: лаванда, ванила, ментол, лимон, ружа, мед, валеријана, еукалиптус, мирис на море и многу други.
„Со секоја нарачка поддржувате производи изработени од лица со интелектуална попреченост и придонесувате кон поинклузивно општество“, посочуваат од центарот.
Подетално можете да се информирате на фб страната на Порака наша Куманово.