„Кочо Рацин “ реализира Еразмус проекти

Основното училиште „Кочо Рацин“ оваа учебна година е дел од два Еразмус проекти од К2 програмата. Во рамките на проектот насловен „Учиме преку игра“ кумановското училиште ќе соработува со четири други училишта од Португалија, Шпанија, Италија и  Романија, информира координаторот на проектот од „Кочо Рацин“ , Анита Димовска.

-Овој проект ќе трае 24 месеци и во него се вклучени ученици од  12 до 14 години кои што ќе имаат шанса да научат преку игри по сите предмети, а всушност и да споделат искуства со нивни врсници од овие пет држави. Преку мобилностите, значи преку посета на државите и гостувањето од другите држави кај нас ќе разменат идеи и ќе се подобри образовниот процес и во нашето училиште, изјави Анита Димовска,  координатор на проектот

Вториот проект во кој што е вклучено училиштето „ Кочо Рацин “е наречен „Европски научен конгрес за екологија и животна средина“.

-Екологија секогаш е неисцрпна тема, грижата за животната средина секогаш ни е приоритет и во нашето училишта и во општина Куманово. Затоа многу сме среќни што ќе соработуваме на овој проект со училишта од пет држави. Координаторот е од Барселона, Шпанија , а другите училишта се од Италија- Сицилија, ООУ „Кочо Рацин“ , Романија, Хрватска и Полска. До тогаш нашите ученици со посетите во другите училишта и со тоа што ќе бидеме гости ,а всушност и домаќини ќе имаме шанса да си ги подобриме стратегиите за сочувување на животната средина и кревањето на еколошката свест кај учениците , родителите и локалната заедница.

И овој проект ќе се реализира во следните 24 месеци односно планирано е да заврши во септември месец 2020 –та година , посочуваат надлежните.

Коментари

коментар(и)