Кошаркарите и кошаркарките со победи

Успешен викенд за кошаркарите и кошаркарките на Куманово. Победа за „сино-белите“ над екипата на Феникс, со која ја прекинаа низата неуспешни игри, но и победничката серија на гостите од Скопје, која застана на бројката четири.

Кумановци направија голем чекор во трката за место кое води во зоната на опстанокот откако со добра, константна игра во текот на скоро сите 40 минути, го изненадија тимот кој беше во серија од четири победи, три од нив во оваа календарска 2023 година.

Натпреварот заврши со резултат 73:68 во корист на Куманово.

Кошаркарките на Куманово пак впишаа трета победа во низа во Првата женска кошаркарска лига, а овој пат на домашен терен „падна“ екипата на Пелистер од Битола.

Кумановки одлично го отворија натпреварот и одржуваа водство во текот на целото прво полувреме кое заврши со висока двоцифрена предност.

Во составот на Куманово со 21 поен најефикасна беше Стефанија Костадинова, 14 поени впиша Теа Алексовска, а двоцифрен број поени, или десет имаше и Александра Петрушевска.

 

Коментари

коментар(и)