Со оглед на тоа што првата точка од дневниот ред на вчерашната седница на Советот беше годишниот извештај за работа на ЈП„Чистота и зеленило“ и со оглед на фактот дека ова претпријатие стопанисуваше со ресторанот што се наоѓа до Меморијалниот Центар „Пелинце“ – советниците од опозицијата запрашаа дали нешто се превзема околу заедничкиот заклучок на советниците на некои од претходните седници дека треба да му се најде закупец на овој простор кој ќе носи профит за претпријатието.
Дискусијата, меѓутоа, отиде во друг правец. Кога советникот Томица Илиќ го нарече „Водовод“ крвоток, а „Чистота“ белите дробови на градот, и кога рече дека Меморијалниот Центар „Пелинце“ има значење за Република Северна Македонија – советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Петковски му реплицираше