Крадец одзел чанта од повозрасна кумановка

Од дневниот билтен на СВР Куманово ги издвојуваме и следниве настани:

Полициски службеници вчеравечер околу 21 часот лишиле од слобода 25-годишен кумановец бидејќи истиот ден на улицата „Браќа Миладиновци“ одзел чанта на жена на возраст од 79 години од Куманово. Крадецот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Вчера, околу 14 часот, 36-годишна кумановка пријавила дека пред основно училиште во Куманово, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице.

Час и половинива претходно, во полицијата 32-годишна кумановка пријавила дека нејзиниот сопруг на возраст од 36 години без нејзина согласност ја однел нивната малолетна ќерка во Италија.

Полицијата презема мерки за целосно расчистивување на случаите.