Кражба во угостителски објект

Во Секторот за внатрешни работи во Куманово, вчера нешто по 8 и 30 часот 41-годишен кумановец пријавил дека во угостителски објект на улица „Борис Кидрич“ било влезено со употреба на сила и биле одземени пари и компјутер. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.