Во просториите на општинската организација на Црвен крст Куманово утре ќе се организира крводарителска акција, поради опасност од недостаток на одредени крвни групи. Акцијата ќе трае од 10 до 15 часот.
Целта на акцијата е, како што велат во соопштението, „преку највисокиот чин на хуманоста – крводарувањето, да ги зајакнеме резервите на крвни единици, кои периодов бележат надолен тренд“.
Црвен крст Куманово ги охрабрува сите здрави и подобни лица кои ги исполнуваат условите за крводарување да даруваат крв со цел да се одржи адекватното снабдување со крв.