Современ инкубатор за новороденчињата донираше денеска Амбасадата на Република Чешка во Македонија во општата болница во Куманово за одделот неонатологија. На примопредавањето на инкубаторот, присуствуваше и министерот за здравство, Арбен Тараври.
– Посебна чест и задоволство денеска со амбасадорот на Чешка во Македонија да ја посетиме општата болница во Куманово заедно со директорот и со заменик министерот да промовираме нов апарат, можеби не многу скап, но важен за функционирањето на неонатаолшкиот оддел за Куманово. Се работи за инкубатор кој недостасуваше во болницата во Куманово, инкубаторот е еден од поновите модели се надевам дека ќе им користи на новореденчињата кои ќе имаат потреба од инкубаторот, изјави Арбен Таравари, министер за здравство
– Во соработка со Министерството за здравство ја спроведуваме донацијата. Ова е втора донација на инкубатори, првата беше во Скопје, рече Јарослав Лудва, амбасадор на Р. Чешка во Македонија
-Инкубаторот има огромно значење за новороденчињата во Куманово, предвреме родените, бебињата со инфекции на дишните патишта кои имаат потреба од инкубатор. Не само заради тоа, туку и кај оние со ниска родилна тежина завршуваат на вакви апарати, искористеноста на ваквите апарати е 30 отсто на годишно ниво, до денеска 300 дена еве 104 дена имаме дечиња на ваков апарат многу е важен апаратот, и бенефит не само заради самиот апарат, бесшумен и ги има вградено сите системи за поддршка на виталните функции на бебето, современ апарат, вистинско место и за вистинска намена, изјави Стефан Трајановски, директор на Општа болница Куманово
-Од предвреме родените со 34 гестациска недела, дури 50 отсто од новороденчињата користат инкубатор. Одреден процент од новороденчињата имаат потреба од нега и терапија, дел и од инкубатор новороденчињата со рана неонатална инфекција, предвреме родени, со мала родилна тежина оние кои претрпеле одредена траума за време на породувањето инкубаторот му обезбедува комфор и полесна транзиција кон надворешноста, го штити од хипотермија од преголема бучавост, преголема изложеноста на светлина, вели Александра Христова, раководител на одделот за новороденчиња