Советниците ја усвоија предлог- одлуката за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Куманово за 2024 година на денешната редовна седница на Советот.
-Станува збор за пренамена на средства заради исплата на јубилејни награди на вработени во општина Куманово. Оваа пренамена произлегува од Правилник за доделување и исплата на јубилејни награди на вработени во општина Куманово, член 1 кој што е донесен уште на 16.12. 2009 година, а исто така, истиот е ревидиран, односно препотпишан на 02.11. 2020 година, во кој што се вели дека за јубилејни награди од член 2, на овој правилник се сметаат првично 490 години од постоење на град Куманово и 65 години од ослободувањето, односно секоја наредна петта година ќе се смета за јубилејна награда, појасни раководителката на Секторот за финансиски прашања Виолета Димитриевска.
Предлог -одлуката едногласно е усвоена од советниците, со 26 „ за“.