-Чест и задоволство ми е денеска со амбасадорот на Република Чешка во Македонија да ја посетиме Општата болница во Куманово заедно со директорот и со заменик министерот, да промовираме еден нов апарат, можеби не многу скап, меѓутоа многу битен и важен во функционирањето на неонатолошкиот оддел во Куманово. Се работи за инкубатор кој што недостасуваше во болницата. Инкубаторот е еден од поновите модели, така ми го претставија, и се надевам дека ќе им користи на на сите тие новороденчиења коишто ќе имаат потреба за употреба на овој инкубатор.
Куманово е вториот по големина град во Македонија, јас првпат доаѓам во Општа болница во Куманово, изгледот е разочарувачки искрено, не дека само во Куманово, во повеќето болници со ретки исклучоци изгледот е ваков и сериозно треба да седнеме и да разговараме што можеме во идниот период да направиме. Секако немаме магично стапче и да кажеме дека од идната или од оваа година ние се ќе средиме бидејќи е невозможно. Многу работи зависат од финансиите, буџетот го наследивме така како што го наследивме и се обидуваме барем преку апаратура оваа година, а идната година, да видиме ако успееме да започнеме барем две болници, кои што се започнати да се градат во Македонија, едната од 1998 година во Кичево, а втората во Штип која што е започната од 2010 или 2011, не сум сигурен, така што за Куманово да видиме што можеме да реновираме, како што тоа го правиме во Битола, во Гостивар, Тетово, Струга, Охрид, одделенија каде што треба да се интервенира наеднаш што побргу да се подобрат условите. Инаку генерално, јас мислам дека како држава ни треба и Стратегија, тоа што го кажавме, децентрализација во здравството. Видете, Куманово од Скопје е 30 до 40 минути, и тоа е веќе една позитивна страна за Кумново, меѓутоа сепак да видиме и овде што можеме, што е најбитно и најважно што треба да се работи, каде треба да инвестираме. Инаку, да не правиме луксуз, јас мислам дека не ни треба во сите градови да имаме секакви специјализации за по комплицирани случаи за кои штпо реално, немаме ни човечки ресурси во одредени болници, така што во Стратегијата која што веќе ја подготвуваме како министерство за здравство заедно со Светска здравствена организација која што треба да биде готова до крајот на следната година ќе видиме и да видиме кои се приоритетите за инвестиции толку колку што можеме, изјави Арбен Таравари, министер за здравство