„Крепост “ со хуманитарни акции по повод претстојните празници

Повеќе хуманитарни акции по повод Новогодишните и Боќижните празници ќе бидат организирани од хуманитарната организација Крепост која е препознатлива токму по големиот број донации што изминатиот период ги обезбеди за социјално ранливите категории и децата со посебни потреби во Куманово и Старо Нагоричане.

„Крепост“  во соработка со надлежните за посебните паралелки кои што се дел од основното училиште „Браќа Миладиновци “ планира да обезбеди средства за сензорна соба за современ третман на децата со посебни потреби кои што учат во објектот Христијан Карпош.

-Тамошните професори и наставници и воспитувачи ни пристапија со една интересна идеја со оглед дека имаме деца со посебни потреби во заедничка акција да организираме изработка на т.н. сензорна соба која е за децата кои што имаат посебни потреби. Крепост е на план да стапи во контакт со неколку хуманитарци особено уметници и музичари од Куманово и да направиме еден хуманитарен настан на кој што ќе можеме да добиеме доброволни прилози кои што ќе бидат искористени за изградба на оваа сензорна соба која што опфаќа специјални средства, материјали и играчки за овие деца.

По повод претстојните празници, оваа хуманитарна организација и годинава , како и претходните ќе обезбеди новогодишни пакетчиња за децата со посебни потреби во Куманово, но и за децата во општина Старо Нагоричане. Новогодишни пакетчиња од „Крепост“  ќе добијат и учениците во руралните средини.

-Имавме контакт со еден одделенски наставник од општина Старо Нагоричане од селата Бајловце, Алгуња, Мглинце и слично кои што рекоа дека неколку години никој не ги посетува. Се обратија до „Крепост“  и во соработка со своето членство  одлучи и да на овие деца одвои дел од нашиот скромен буџет и да ги израдува со новогодишни пакетчиња како и посета на Дедо Мраз .

Хуманитарна акција со донирање прехранбени пакети и средства за лична хигиена ќе биде организирана и по повод божиќните празници. Претседателот на „Крепост“ , Георгиевски потенцира дека бадниковата трпеза секој треба да ја дочека достоинствено прославувајќи го Христовото раѓање.

-Верата подразбира да веруваме , меѓутоа и да практикуваме. Ако ја имаме само верата без делата тогаш таа ќе биде празна , за волја на вистината имаме хумани граѓани од Куманово кои што доаѓаат или преку мене како нејзин претседател или преку нашето членство или преку вработените во Стара црква Свети Никола во Куманово кои што се исто така дел од нашето членство , со оглед на тоа дела старата црква ни  е како центар за собирање, организација за изјавување на потреби, желби, од една страна и на оние кои што бараат помош од друга страна и на оние кои што даваат помош, така преку тој контакт во стара црква, преку контактот на фб , преку телефонските броеви  на нашето членство или генерално кого и да прашате кој што е дел од нашето членство се обидуваме заживуваме и го будиме хуманото срце на Куманово, изјави Христија Георгиевски, претседател на ХО „ Крепост“

Во своето тригодишно постоење Крепост организирал повеќе од 600 хуманитарни акции на ниво на општините Куманово и Старо Нагоричане.

 

Коментари

коментар(и)