По повод престојниот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), хуманитарната организација „Крепост“ ќе подели 30 (триесет) пакети за социјално загрозените семејства од Куманово, Кратово и Крива Паланка. Ова здружение кое е формирано да им помага на ранливите категории граѓани изминатите години континуирано донираше по повод поголемите верски празници, но и во чест на новогодишните праазници и пред почетокот на учебната година. Хуманата мисија на „Крепост“ продолжува.