10 годишниот Ведран од Крива Паланка со неговиот татко за последен пат ги видоа лицата на неговата мајка и брат. Осумгодишниот Јован и 39 годишната Марина загинаа во страшното невреме во саботата кај скопска обиколница. 10 годишното момче со часови само се борело во матната надојдена вода полна со тиња. Ведран е најмладиот кој се спасил од невремето и е прогласен за херој. Тој на другата страна, сам од се борел и успеал да стигне до пластеник, каде висел со часови. Неговиот татко по професија пожарникар далеку од Ведран успеал да се спаси. Но, младиот херој остана без својата мајка и брат, тие не успееја. Ден на жалост во Крива Паланка, знамињата се на половина копје. Општината на ова семејство му додели помош од 200 илјади денари. На вонредната седница советниците донесоа одлука и за доделување на финансиска помош во висина од 300 илјади денари за санирање на последиците од поплавите во Скопје и Тетово. И 43 годишната Жаклина Божиновска од Куманово жртва во поплавите денеска е погребана. Во Куманово и Крива Паланка има пунктови за донирање за настраданите од поплавите.
-Доаѓаат многу луѓе, најмногу донираат парични средства, но исто така донираат и хигиенски средства и пакети со вода, изјави Марта Стефановска, волонтер во Црвен крст, Куманово
-првиот дел од акцијата е продажба на маици од крепост по симболична цена, вториот дел е финансиска донација, за оние кои што не можат да обезбедат прехранбени прозводи донираат пари а ние ќе направиме пакети и ќе ги доставиме во Скопје, Изјави Христијан Георгиевски, ХЗ„
Според волонтерите од Црвен крст , но и од граѓанските здруженија најмногу граѓаните донираат пари.