Кривична пријава за вработен во јавно претпријатие со фалсификувана диплома

Од дневниот билтен на Министерството за внатршени работи ги издвојуваме настаните:

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 55-годишен кумановец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Пријавениот, вработен во јавно претрпијатие во Куманово од 2016 година со договор на дело, во текот на 2022 година набавил фалсификувана диплома од средно стручно училиште во Тетово, која ја употребил при аплицирање на отворен јавен оглас за што склучил договор за вработување на неопределено време.

Секторот за внатрешни работи соопшти дека вчеравечер околу 23 часот било пријавено дека на градската депонија Краста настанал пожар во товарно моторно возило „ивеко“, сопственост на јавно претпријатие.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема, информираа надлежните.