Кривична пријава против поранешна министерка за внатрешни работи

Секторот за внатрешни работи Кумановo  до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против поранешна  министерка за внатрешни работи , поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Наводно,  во текот на 2012 –та година, во повеќе наврати, избегнувајќи ја законската регулатива за вработување на приправници во отворена и јавна постапка со објавување на јавен оглас, се обратила до Министерството за финансии со барање за обезбедување на финансиски средства за вработување на 70 лица-приправници со високо образование и 30 лица-приправници со средно образование. Во барањето посочила дека за пет работни места со високо образование ќе биде објавен јавен оглас, додека за 65 приправници со високо образование и 30 приправници со завршено средно образование вработувањето ќе се изврши без објавување на јавен оглас, со обезбедување на финансиски средства за бруто плата за 30 приправници со средно образование во висина од 15.028 денари по вработено лице. На 06-ти јуни 2012 –та година пријавената, за работно место за кое е предвидено четиригодишно стручно образование, вработила лице – сопруга на висок полициски функционер во МВР, која е со несоодветно образование, односно со тригодишно средно образование, за што склучила Договор за вработување, со целосен износ на месечна плата од 620 бодови, без внесена клаузула Приправник.На тој начин бил избегнат задолжителниот намален износ на исплата на месечна плата додека трае приправничкиот стаж, со што пријавената го оштетила МВР и буџетските средства во периодот од 06-0ти јуни 2012-та година досега во вкупен износ од 1.724.885 денари, стои во соопштението од МВР.

Коментари

коментар(и)