Од билтенот на Министерството за внатрешни работи ги издвојуваме настаните:
СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.М.(41) од Белгија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 16.09.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, при преглед во неговиот личен багаж е пронајдена и одземена марихуана и канабис.
На 18.09.2025 во 23:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ја лишија од слобода Ј.Ј.С.(40) од Република Австрија. При гранични проверки и контрола на патничко возило „ауди а3“ со австриска национална ознака, кое го управувала, во нејзиниот личен багаж е пронајдена и одземена марихуана. Известен е Јавен обвинител, а лицето е спроведено и задржано во СВР Куманово. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.