Кривични пријави за 12 лица, за лажни сертификати

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривични пријави против В.М.(51 година) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” и против С.Ј.(25 години) од Радовиш, Р.М.(24 години) од Струмица, О.Ј.(23 години) од Радовиш, Џ.С.(43 години) од Радовиш, М.Р.(25 години) од Радовиш, С.С.(18 години) од Радовиш, Е.С.(47 години) од Радовиш, Е.Д.(65 години) од Радовиш, К.Р.(23 години) од Радовиш, С.Д.(67 години) од Радовиш и А.М.(24 години) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина”. Првопријавената, во текот на 2021 година изготвувала фалсификувани ПЦР тестови за Ковид-19 и ги продавала на лица кои имале потреба да патуваат во европските земји. Меѓу нив биле и останатите пријавени, кои на 09-ти ноември лани ги приложиле фалсификуваните тестови на Граничен премин „Табановце“.

Коментари

коментар(и)