Кросс Сајклинг вторa сезона по ред екипен шампион во планински велосипедизам

Кросс Сајклинг од Куманово и оваа година е екипен шампион во планински велосипедизам. Втора сезона по ред овој тим успева да дојде до шампионската титула во овој спорт. Својот квалитет и напорна работа уште еднаш се покажаа како клучни за успех на екипата која го претставува градот Куманово. Според категории, натпреварувачите на Кросс Сајклинг од Куманово ги постигнаа следните резултати:

Во сениорска категорија:

-Емил Цветанов државен шампион, второ пласиран на ранг листа

-Мартин Николивски вице шампион, трето пласиран на ранг листа

Во јуниорска категорија:

-Борис Стефановски второ пласиран на ранг листа

-Дарио Василевски четврто пласиран на ранг листа

-Давид Тасевски петто пласиран на ранг листа

Во кадетска категорија:

-Виктор Петковски четврто пласиран на ранг листа

Во категорија жени:

-Андријана Анастасоска трето место на државно првенство и трето пласирана на ранг листа.

Во категорија до 13 години:

-Оља Цветанова трето место на државно првенство и четврто пласирана на ранг листа.

Во категорија мастерс:

– Дарко Блажевски вице шампион, второ место на ранг листа

Екипата предводена од Емил Цветанов кој воедно е и претседател на тимот уште еднаш упатува голема благодарност до сите кои се заслужни за овој успех, а воедно шампионскатата титула ја посветува на натпреварувачите кои се дел од оваа спортско семејство.

Коментари

коментар(и)