Полициски службеници од СВР Куманово викендов привеле кумановец, постапувајќи по претходна пријава дека на градскиот плоштад за време на одржување на културна манифестација го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување, информираат од Секторот за внатрешни работи.
– Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат од полицијата.
Инаку, СВР Куманово информира за уште еден случај на приведен кумановец. Според билтенот, на 22.08.2026 во 22:30 часот, полициски службеници лишиле од слобода кумановец на 30-годишна возраст, постапувајќи по претходна пријава дека на 20.08.2026 околу 00:15 часот допирал по телото 18-годишна девојка додека се движела на улицата „Никола Карев“ во Куманово, по што побегнал со мотоцикл. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија надлжените.