Полициски службеници од СВР Куманово вчера лишиле од слобода 48-годишен кумановец. Тој се сомничи дека откако пронашол платежна картича на 40-годишна жена од Куманово, од неа извршил повеќе нелегални трансакции во вредност од околу 230.000 денари. Платежната картичка била пронајдена и вратена на сопственичката. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.