Кумановец платил, но не добил огревно дрво

39-годишна жена од Куманово пријавила дека нејзиниот свекор бил измамен од лице за сума од 6.000 денари, информира Секторот за внатрешни работи Куманово. Според пријавеното, откако лицето му понудило огревно дрво и тој му ги дал парите, тоа заминало за наводно да ги донесе дрвата, но не се вратило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)