Кумановец повредил вработена на инфективно одделение

МВР информира дека ноќеска, во  01.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово  лишиле од слобода 38-годишен кумановец откако со остар предмет нападнал и повредил вработена на Инфективното одделение во Општа болница Куманово. Тој бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)