Полициски службеници лишиле од слобода 31-годишен кумановец, информира СВР Куманово.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со околу 500 парчиња пиротехнички средства – петарди. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
