Жените од општинската организација на СДСМ Куманово организираа хуманитарен настан под мото „Подари пакетче, подари радост“. Пакетчињата како што информираше претседателката на Форумот на жени, Јасмина Георгиевска, ќе бидат подарени на Црвениот крст, кој ќе ги додели на деца од социјално загрозени семејства.

-Посебно сакам да се заблагодарам на сите општествено одговорни граѓани кои веднаш по објавувањето на повикот за донација, веднаш се јавија голем број луѓе и правни лица кои донираа. Можат и во текот на наредна недела доколку не стигнат денеска до 17 часот да ги достават овде, ќе можат во партиските простории и потоа ние ќе ги доставиме до Црвен крст од каде ќе се подарат на дечињата. Нашата цел е да израдуваме што повеќе дечиња, знаеме колку е голема радоста на едно дете кога ќе добие пакетче-истакна Георгиевска.
За секое донирано пакетче подарија новогодишна честитка рачно изработена од членките на Форумот.