41-годишен жител на Куманово, викендов пријавил во полиција дека бил нападнат од жител на селото Бучинци, но полицијата го уапсила пријавувачот, бидејќи бил баран со потерница за издржување на затворска казна, соопшти МВР.
Според полицискиот билтен, кумановецот со престој во Скопје, пријавил дека на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од 36-годишен жител на село Бучинци, општина Илинден. При преземање мерки во врска со настанот, полициски службеници од Полициската станица Карпош констатирале дека нападнатиот бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна“.
Тој бил уапсен и спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Куманово“ за издржување на казната, соопшти МВР.