37 -годишен кумановец е лишен од слобода поради физички напад врз 39 -годишно лице, а подоцна, при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и дигитална вага, соопштија надлежните од Секторот за внатрешни работи Куманово. Напаѓачот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Полицијата измината ноќ регистрира уште еден физички напад, но овојпат, 29 годишен кумановец физички ја нападнал сопругата и нејзината ќерка. Напаѓачот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопшти СВР Куманово.