Полициски службеници вчера привеле 33-годишен кумановец постапувајќи по претходна пријава дека на улицата „Веселин Маслеша“ во населбата Перо Чичо физички нападнал две малолетнички, информираат од Секторот за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.