18-годишен кумановец вчера пријавил дека на плоштад „Маршал Тито“ во Куманово бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од СВР Куманово.
Во друг случај, 48-годишен жител на липковското село Слупчане, пријавил дека на 28.02.2025 во Слупчане негов сосед со остар предмет се заканувал на неговиот малолетен син. Полицијата работи на расчистување на случајот.