Полициски службеници од СВР Куманово ноќеска, два часа по полноќ привеле 43-годишна кумановка постапувајќи по претходна пријава дека го нарушила јавниот ред и мир и се однесувала непристојно и упатувала навреди кон нејзина 60-годишна сосетка, информираат од Секторот за внатрешни работи. Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат надлежните.