Министерството за внатрешни работи информира дека на 18.11.2026 околу 08:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на регионален пат Куманово – Свети Николе, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишна кумановка од село Љубодраг, излетало од коловозот и се превртело.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила младата кумановка, констатирани во Општа болница Куманово“, соопшти МВР.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе.