Кумановската библиотека минатата година имала над 30.000 посетители (ВИДЕО)

Кумановската библиотека во текот на 2020 година имала точно 31.531 посетител и покрај фактот дека долг период не работеше со одлука на Владата поради заштита од ширење на коронавирусот. Ова меѓу другото го покажа годишниот извештај на Библиотека „Тане Георгиевски“ на денешната седница на Советот на Општина Куманово.

Оваа јавна установа моментално има над пет илјади членови, од кои три илјади новозапишани. Според опозицијата оваа бројка е мала, ако се земе предвид дека во градот има 15.000 ученици.

Коментари

коментар(и)