„Кумановска пивтијада“ в недела во Грација
Здружението на дијабетичари „Куманово“ и здружението „Еко гард“ во соработка со ресторан Грација в недела по повод празникот Богојавление- Водици организираат гастрономска манифестација „Кумановска пивтијада“.
Покровител на манифестацијата е општина Куманово.
Според програмата, од 09 часот ќе започне подготвувањето на пивтии. Свеченото отворање на манифестацијата ќе биде во 12 часот, по што ќе следува културно-забава програма, дегустација на пивтии и сл.