Кумановскиот музеј претставен на Оксфорд

Претставници од кумановскиот музеј изминатата недела присуствуваа во Центарот за класични и византиски студии по покана на Факултетот за класични студии на Универзитетот Оксфорд.

По иницијатива на професорот Ине Јакобс од Оксфордскиот универзитет, свое предавање во центарот имаше Деја Ѓорѓиевски, археолог во Музеј Куманово за истражувањето на локалитетот Костоперска карпа.

На предавањето Ѓорѓиевски ги соопштил резултатите од сопствените истражувања кои  се однесуваат на ретки претстави на светители претставени на предмети од слонова коска и на една фреска од Македонија.

Во рамките на посетата, директорот на музејот Анита Цветановска и раководителот на проектот од македонска страна оствариле средби со партнерите од англиските универзитети, на кои бле прецизирани и плановите за понатамошна соработка помеѓу институциите. Воедно, била остварена и средба со директорот на античкиот оддел на Ashmolean Museum  – др. Пол Робертс, на која била изразена иницијатива за меѓусебна соработка помеѓу институциите.

Како што потенцираат претставниците на Музеј Куманово ваквиот тип на соработка со најдобрите светски универзитети и музеи претставува извонреден импулс за подготвување на нови проекти и афирмирање  на македонската научна јавност во светски рамки.

Посетата беше во финансирана од Министерството за култура, а помогната од Фондацијата Кирил Трајковски.

Коментари

коментар(и)