ВИДЕО: Сребрен медал за Радевски од „Етно село-Тимчевски“ на гастрономски натпревар

Виктор Радевски од Куманово освои сребрен медал на еден од најголемите гастрономски натпревари на Балканот „Бисер мора“ кој се одржа во Брач, Хрватска.
Радевски го претставуваше Етно Ресторан „Етно село-Тимчевски“ а учествуваше под менторство на Асан Даутовиќ и македонската асоцијација „Гастромак“ предводена од Адријана Алачки.
Тој медалот го освои во категоријата подготовка на тартар бифтек послужување и декантирање на црвено македонско вино со користење на македонски традиционални земјени садови за готвење.
Во неговиот тим, беа и Влатко Алексовски кој освои сребрен медал во категоријата Live Carving, но и Дени Шубашевски кој освои брозна и сребро.
Радевски годинава ќе одбележи 10-годишен јубилеј во угостителскиот сектор, а долги години работи во ресторанот „Етно село-Тимчевски“.
Етно Ресторан „Етно село-Тимчевски“ е посакувана дестинаци посебно за викендите за гости од цела Македонија а нивниот вработен високото второ место го освои во конкуренција од над 600 натпреварувачи од Турција, Македонија, Малта, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Албанија и други држави од регионот.
Натпреварот „Бисер мора“ се одржа во Хрватска, на островот Брач од 19-ти до 23-ти Март.

Коментари

коментар(и)