Кумановските кик-боксери на меѓународен турнир во БиХ

Повеќе кик-боксери од Куманово од клубовите „Куманово 2006“ и „Предатор“ денеска и утре ќе учествуваат на меѓународен турнир во Босна и Херцеговина. Босанскиот град Тешањ ќе биде домаќин на турнирот „Balkan open“ според календарот на светската WAKO организација. Од кик-бокс клубот Куманово 2006 ќе учествуваат Лука Велковски, Марко Бошковски и Јосиф Илиевски кои заедно со тренерот Сашо Илиевски ќе одат да освојат медали и добри резултати по напорните тренинзи кои ги одржуваат во салата на ТППЕ Куманово. Со 10 натпреварувачи и двајца тренери на турнирот заминува и Кик-бокс клубот „Предатор“ од Куманово. Со нив на турнирот заминуваат и двајцата тренери Оливер Милорадовски и Оливера Свилар.