Кумановските кик-боксери ќе учествуваат на Европски куп

Кик боксерите на клубот Куманово 2006 претстојниот викенд ќе учествуваат на Европскиот куп кој ќе се одржи во Краљево, Република Србија, а во организација на Кик-бокс федерација на Србија.

Куманово ќе го претставуваат кик-боксерите Лука Велковски, Јосиф Илиевски и Јован Димовски.

-Се работи за квалитетен турнир, ние сме секогаш подготвени за вакви турнири и предизвици и очекувам добри резултати. Од Лука Велковски очекуваме медал, бидејќи беше државен првак на последното одржавно Државно првенство, но и од останатите очекуваме добар пласман, изјави тренерот Сашо Илиевски кој ќе ги предводи на турнирот.

Инаку станува збор за силен турнир кој се одржува според календарот на WAKO светската кик-бокс организација и на кој учество ќе земат голем број натпреварувачи од Македонија и од другите европските држави.

Коментари

коментар(и)