Кумановски акцијаши на прием кај градоначалникот

Здружението „Кумановски акцијаши“  е едно од ретките кое што ја негува традицијата од минатото, учество со свои членови во работна акција надвор од државата беше речено на денешниот прим кај градоначалникот Зоран Дамјановски. 20-члената бригада со најмладиот бригадир на возраст од 13 години на 24 јули ќе се приклучи на младинската работна акција „Краљево 2016-та“.

– Денеска имаме едно симболично примопредавање на застава на Кумановски акцијаши, Здружение на граѓани кое ја негува традицијата од минатото,  тоа е работна акција во летните периоди каде учество земаат и граѓаните на Куманово . Во неколку наврати имаме добра соработка со ова здружение за чистење на зелени површини преку јавното претпријатие Чистота и зеленило, имавме акција за чистење на Менкова колиба итн. Здружение кое е многу активно , драго ми е што имам чест да соработувам со вакво здружение и тоа е иднината на едно граѓанско општество. Ние како општина даваме една симболична поддршка, го финансираме превозот до Краљево, денеска ќе бидат уплатени средствата , драго ми е што сум дел од нивната агенда, еве симболично го предавам знамето на најмладиот бригадир , добро е што во вакви акции има и млади луѓе , почитувачи на работни акции и тоа не охрабрува дека се буди свеста за јавниот интерес и општото добро во државата, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

Волонтерите од Куманово кои што ќе учествуваат  во акцијата во Краљево ќе имаат  можност да помогнат  во санирање на теренот кој што бил поплавен изминатиот  период.

– Чест ми е што токму јас ја оформувам бригадата која што ќе ја водам во Краљево, благодарам на сите што дадоа придонес- иднината е во младите, бригадирите се на возраст од 13 до 93 години , во иднина мислам дека ќе се прошири акцијаштвото, изјави Звонко  Величковски, Здружение „Кумановски акцијаши“

-Благодарност до првиот човек на Куманово кој секогаш кога побараме помош ни излегува в пресрет, се надевам дека соработката ќе продолжи, изјави Јусуф Љатифи , Здружение „Кумановски акцијаши “

Освен од Македонија и Србија во акцијата ќе учествуваат и волонтери од Словенија и Босна и Херцеговина. Акцијата ќе трае до 7 август.

Коментари

коментар(и)