Јусуф Љатифи, претседателот на Кумановски акцијаши и Синиша Јовановски беа дел од 10-тата средба на ветерани што се одржа во Кикинда, од 30 март до 02 април. Здружението Дора по повод Денот на младинските работни акции и 40 години од првата работна акција во Кикинда ги собрало старите пријатели , некогашни акцијаши од Словенија, БИХ, Србија , Македонија. Од вкупно 200 луѓе од просторите на поранешна Југославија , 22 акцијаши биле од нашата држава, а меѓу нив и двајцата кумановци во делегација на Сојузот на акцијашите на ниво на државата. Но, освен јубилејната средба била организирана и акција за засадување на садници и уредување на просторот околу ловечкото друштво.
-Организацијата на мое задоволство беше фантазија, од нивна страна немаше никакви пропусти, одлично сместување, дружење. Имаше акција на 31 март акција за садење на садници и уредување на просторот на ловечкото друштво засадивме таму околу 1100 дрвца. Ние од Куманово разговаравме со претставници на сите здруженија , во тие наши контакти договаравме активности кои ќе бидат заеднички во 2017 и 2018 година , со еден дел од тие акцијашки друштва веќе ќе имаме заеднички средби овде во мај месец, во врска со проекти за заштита и унапредување на животната средина, изјави Јусуф Љатифи, претседател на „Кумановски акцијаши“
– Ова ми е прва срдба во кикинда, се видов со многу луѓе кои што ги знам од претходните акции на кои што сум бил, изјави Синиша Јовановски од „ Кумановски акцијаши“
Акцијашите посочуваат дека доброволното работно ангажирање не е само дружба, туку е еден модус преку кој младата популација ја искажува љубовта кон својата земја и локална заедница.
Кумановски акцијаши заедно со јавното претпријатие „Чистота и зеленило “ поддржани од локалната самоуправа го реализираат и проектот Зелено Куманово. Во рамките на проектот се организираат еколошки акции на повеќе локации. Во сабота , најавија надлежните дека ќе се засадуваат садници на спомен костурница, како продолжение на акцијата што беше организирана пред две недели на истата локација.