„Кумановски акцијаши“ со хуманитарна акција

Здружението на граѓани „Кумановски акцијаши “  годинава повторно ја организира хуманитарната акција насловена „Биди хуман и подари“. Акцијата се состои во собирање на облека , обувки и донирање храна на социјално најзагрозените семејства во Куманово и бездомници. Организаторите очекуваат  поголем одзив од граѓаните споредбено со минатата година.

-Минатата година донираа 289 семејства, направивме повеќе од 300 пакети донации. Оваа година добро започнавме , веќе  десет семејства донираа помош. Работиме на принципот  помошта  да не ја складираме туку веднаш да ја донираме. Од центарот  за социјални работи побаравме список со 20 најзагрозени семејств со деца со посебни потреби, но на терен има семејства  со деца со посебни потреби кои не се регистрирани. Започнавме да ги посетуваме тие семејства, изјави Јусуф Љатифи, ЗГ „Кумановски акцијаши “

За разлика од граѓаните, бизнис заедницата минатата година не била дарежлива, односно не се вклучила во хуманитарната акција „Биди хуман и подари“.

-Куманово отсекогаш било хумано, одзив има со мала новина годинава, односно се јави женско хуманирно здружение  од Гостивар и тие се вклучуваат во акцијата. Бизнис заедницата не е активна, верувам дека годинава ќе се вклучат  барем со симболична помош, изјави Љатифи.

Во доброволната акција можат да се вклучат сите граѓани кои што имаат желба да им помогнат на оние семејства или поединци на кои што помошта им е неопходна. Од здружението „Кумановски акцијаши “ велат дека за акцијата која што ја организираат се запознаени и нашите иселеници во странство и најавуваат помош од Турција, Швајцарија и Германија. Акцијата ќе трае до крајот на април годинава.

Коментари

коментар(и)