Наплатата на даноците за 2025- та година е над 50 проценти, информираат надлежните од Општина Куманово.
Граѓаните и правните субјекти кои се уште не ги платиле даноците за минатата година ќе добијат првично опомени, по што ќе следува и присилна наплата.
Инаку, даноците можат да се платат и онлајн.
-Над 72 проценти од граѓаните го исплатиле данокот за 2024 година, додека за 2025 година наплатата изнесува 56 отсто, пред преземање на присилни мерки. Општината нуди и можност за електронска наплата преку платформата e-naplata.kumanovo.gov.mk, со цел олеснување на постапката и намалување на турканиците во банките кои ја користи помладите. Сите кои имаат недоразбирања, нејаснотии, слободно нека се обратат до секторот, тука сме да помогнеме и да ги надминеме“, изјави Ненад Стојановски, раководител на Сектор за даноци и такси во Општина Куманово.