Кумановци утре на плоштадот ќе го следат фудбалскиот натпревар

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, го прифати предлогот на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, па кумановци утре со почеток во 20 и 30 часот, на градскиот плоштад на видео бим заедно ќе можат да го следат натпреварот на македонската репрезентација со Португалија, за пласман на светското првенство во Катар.

-Куманово обединето со поддршка за успех на македонските фудбалери! Да ги извадиме знамињата, да ја испееме во еден глас химната македонска и да покажеме единство за уште еден успех и победа-побара претходно координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Елена Доцевска Божиновска.

Коментари

коментар(и)