Летово ќе се реконструира железничката станица (ВИДЕО)

Железничката станица во Куманово ќе се реконструира, најави неодамна директорот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура-Железници на Македонија Хари Локвенец. Тој очекува тендерската постапка да заврши до летото, a веднаш потоа да отпочне и изведбата на инфраструктурниот проект.

Локвенец информираше дека проектот за реконструкција на објектот е вметнат во последните измени на планот за изработка на првата и втората фаза од Коридорот 8, пругата од Куманово- Бељаковце- Крива Паланка.

-Железничките станици во државата се реконструирани со проектот на ИПА програмата, десет железнички станици. Во нив не беше влезена, не знам од кои причини железничката станица во Куманово, една од поубавите станици во државата. Направивме напори со последните измени на планот за изработка на првата и втората фаза на коридорот 8 пругата од Куманово до Бељаковце и до Крива Паланка, ставена е и во работните задачи и реконструкцијата на железничката станица Куманово, сето тоа нормално во соработка со градоначалникот на Куманово, како иницијатива и како потреба тоа да се случи, изјави Локвенец.

Со проект на ИПА програмата изминатиот период беа реконструирани десет железнички станици во државата, потенцираше Локвенец.

Коментари

коментар(и)