Ликовна изложба „Уметничкиот свет на Владимир Георгиевски“ во Куманово

На 19 септември (четврток) во 19:30 часот, во изложбениот салон на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“, ќе се отвори изложба на еден од најистакнатите македонски сликари, Владимир Георгиевски.

Изложбата содржи дваесетина дела во различни техники и ги кани посетителите да се нурнат во уметничкиот свет на Георгиевски, за да ги осознаат неговите творечки преокупации, мотивите и пораките на неговото сликарство.

Оваа и уште една поставка на дела на Георгиевски веќе една ипол година патуваат низ државата и се претставуваат пред публиката преку MuseumLink, неформална мрежа на Домови на култура и локални музеи во Македонија. Целта е да се приближи уметноста на овој наш голем сликар до што е можно поголем број граѓани од целата земја, а посебно до младите.

Прикажаните дела се дел од семејната збирка, во избор на Фросина Георгиевска, додека пак организацијата на изложбите и соработката со членовите на мрежата MuseumLink се одвива со помош на нејзината координаторка, Јасминка Намичева, виш кустос и архитект од Музејот на град Скопје.

Изложбата во Куманово  ќе биде поставена до 15.10.2024.