Литургии во сите цркви по повод Велигден

Централното одбележување на големиот христијански празник Велигден традиционално е во храмот „Св.Никола“, а со литургиите ќе чиноначалствува владиката Григориј. Литургии ќе има и во сите останати цркви во градот и руралните подрачја.

„ Во петок изутрина ќе има царски часови кога се опеваат Христовите страдања. Тогаш ќе биде изнесена и плаштеницата, која го симболизира гробот Христов. И на Велика сабота ќе има литургија, но централниот настан се одбележува ноќта меѓу сабота и недела со почеток во 23.30 часот кога на полноќ се прогласува Воскреснието и започнува прославата на најсветлиот христијански празник“, информираат свештениците.

Коментари

коментар(и)