Младинско учество, младинско информирање, младинска работа, образование, здравје, култура, претприемништво и безбедност се темите кои се опфатени со Локалната стратегија за млади 2026-2030 усвоена од Советот на општина Куманово. Во нејзината изработка, како што посочија надлежните учествувале секторот за превенција, младинскиот совет, младинските организации односно советникот за млади, основни и средни училишта. Документот е изработен врз основа на Националната стратегија за млади 2023-2030. Следниот чекор, според дел од советниците би требало да биде изработка на акциски планови. Инаку, според податоците кои беа презентирани на седница на Советот во Куманово има околу 18.000 млади лица на возраст од 18-29 години.