ЛО Левица Куманово со иницијатива за референдум

Локалниот огранок на Левица Куманово веќе поднесе иницијатива за референдум до Државната Изборна Комисија во Куманово, каде ќе се собираат потписи од граѓани кои ја поддржуваат иницијативата за изјаснување на мислењето на јавноста во врска со францускиот предлог.

Граѓаните на Куманово, може да ја поддржат иницијативата за референдум секој ден од 08:30 до 16:30 часот во просториите на ДИК на улицата. 11 Октомври бб Куманово (спроти главен влез на пошта).

Граѓанската иницијатива за дополнителен референдум е под прашањето ,,Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022?”.