Македонија од денеска во енергетска кризна состојба

Владата на денешната седница по барање на Комисијата за следење на состојбата во енергетскиот сектор, составена од Министерството за економија донесе одлука за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена, кажа министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што информираше Бектеши со прогласувањето на енергетска кризна состојба, единствена мерка која  произлегува од оваа одлука е да се вбризгаат финансиски средства во енергетските компании со цел да се стабилизира состојбата на пазарот на електрична енергија, односно не се предвидени рестриктивни мерки .